Објавено на:

ПОЧИНА НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ: Шпанката Марија Брањас преживеа три големи војни и прележа ковид-19

t

Марија Брањас, Шпанка родена во Америка, која важеше за најстариот човек на светот, почина на 117-годишна возраст, соопшти денеска нејзиното семејство.

Геронтолошка истражувачка група, која проверува детали за луѓе за кои се смета дека имаат 110 или повеќе години, ја прогласи Брањас за најстариот човек на светот, откако минатата година почина француската калуѓерка Лусил Рендон на 118-годишна возраст, пренесуваат светските агенции.

Брањас била родена во Сан Франциско на 4 март 1907 година. Кога била млада нејзиното семејство се вратило во Шпанија.

Брањас, која го преживеа грипот од 1918 година, Првата и Втората светска војна иГраѓанската војна во Шпанија, се зарази со Ковид-19 во 2020 година само неколку недели откако наполнила 113 години. Таа беше затворена во својата соба во домот, но целосно закрепна.

Последните две децении од животот Брањас ги поминала во старечки дом во североисточна Шпанија.

На листата на најстарите луѓе на светот сега предничи Јапонката Томико Итока, која има 116 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЧИНА НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ: Шпанката Марија…

Марија Брањас, Шпанка родена во Америка, која…

ПАДНА ЊУЈОРК ВО ДОЊЕЦК: Русите освоија клучнa…

Руските сили тврдат дека го освоиле селото…

Државјанин на Швајцарија по потекло од Косово…

Заменик-претседателот на Владата на Република Србија и…

Хамас бесен поради изјавата на Бајден: „Тоа…

Хамас тврди дека е лага изјавата на…

Нападнати полицајци во два одделни случаи

Агресивно однесување, закани и напад на полицајци…