(Фото) Убиениот Ефтимов откупувал и продавал злато, бизнисот го наследил од семејството на неговата сопруга
Васил Ефтимов, кој вчера наутро беше застрелан на паркингот кај Трговскиот центар „Мавровка“, е косопственик на златарскиот дуќан „Дона“ во Трговскиот центар „Бисер“, неофицијално дознава Слободен печат. Во разговор со сопствениците на околните локали, екипата на Слободен печат дознава дека станува збор за семеен бизнис кој Ефтимов го работел благодарение на семејството на неговата сопруга.
Дуќанџиите велат дека станува збор за мирно семејство, кое немало голема комуникација со сопствениците на останатите локали. Купувале и продавале злато и сребрен накит изминатите десетина години, а последните две години бизнисот го насочиле кон брендирана бижутерија.
Иако се шпекулира дека Ефтимов работел со лихва, од МВР за Слободен печат велат дека досега немаат таква информација. Така, засега нема потврда дали Ефтимов носел поголема количина злато во багажникот и дали убијците евентуално го зеле.
Од МВР за Слободен печат потврдија дека Ефтимов бил застрелан пред очите на неговата сопруга.
Засега не се знае ни која која е вистинската причина за убиството, но оттаму за Слободен печат велат дека било извршено вештачење на сите предмети, но во возилото на жртвата не било пронајдено злато.
По убиството МВР затвори дел од градското подрачје, изврши преглед на повеќе домови и на повеќе возила. Во операцијата беа вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови, а на скопските улици можеа да се забележат зголемен број полициски службеници.
Досега полицијата приведе две лица на територија на Чаир, а на полицијата ѝ е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Убиениот Ефтимов откупувал и продавал злато,…
Васил Ефтимов, кој вчера наутро беше застрелан…
Урош Блажиќ призна вина за масакрот, но…
Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на…
ЈСП Скопје пријави измама во МВР: Краделе…
ЈСП Скопје утврди лажна вест со која…
Школската година ќе почне без учебници за…
Освен учебниците за странски јазици, по сите…
СДСМ: Обидот ЗНАМ да се дистанцира од…
Обидите на ЗНАМ и Максим Димитриевски да…