Од мачиња, лавови е бидува: Мицкоски не гледа причина за интерпелација на Гаши, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи

t

Не гледаме причина за интерпелација на спикерот Африм Гаши и нема да ја поддржиме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, изнесувајќи ја позицијата на ВМРО-ДПМНЕ по однос на барањето за интерпелација на собранискиот претседател кое го поднесе Левица, а кое го поддржаа и од СДСМ.

Премиерот кажа дека работата на Африм Гаши во парламентот, начинот на кој тој се однесува како спикер и како ги води седниците се сериозно различно однесување од она што го правел неговиот претходник Талат Џафери.

„Коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица претпоставувам имаат свои мотиви зошто поднесуваат ваков тип на интерпелација. Претпоставувам на оваа коалиција СДСМ-ДУИ-Левица политичари од рангот на Артан Груби, Талат Џафери, Бујар Османи, Али Ахмети им е подобра отколку сегашната состојба, но јас не мислам дека е така и затоа нема да поддржиме ваков тип на интерпелација“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, која ја поднесоа пратениците на Левица, е ставена на дневен ред на 13. пленарна седница закажана за 3 септември. Во барањето за интерпелација поднесено од Левица се наведува дека спикерот Гаши уште од почетокот на неговото назначување работи своеволно, нестручно, несовесно и непрофесионално и згора на сѐ противзаконски неуставно и неделовнички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги yбил директоpот, професорка и секретарката, биле…

Тројца загинати денеска во пукањето во гимназијата…

Од мачиња, лавови е бидува: Мицкоски не…

Не гледаме причина за интерпелација на спикерот…

Петровска: Дали МВР не ги соопштува иницијалите…

Пратеничката од СДСМ и поранешната министерка за…

Али Ахмети се сретна со амбасадорот на…

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г.…

За убиството кај Мавровка, полицијата трага по…

поред извори на ТВ21 во МВР, полицијата…