Ги yбил директоpот, професорка и секретарката, биле во комисијата што го суспендирала – нови детали за хоpорот во гимнзијата во БиХ
Тројца загинати денеска во пукањето во гимназијата во Сански Мост (БиХ), а осомничен за нападот е вработен во тоа училиште, кој по крвавиот пир се обидел да си пресуди.
Како што пишува „Независне“, работникот М.В. рано утринава упаднал во училиштето и убил тројца вработени.
Според изјавите на очевидците, М.В. вооружен влегол во објектот на гимназијата.
Тој, според информациите, ги застрелал директорот на гимназијата Нијаз Халиловиќ, професорката Гордана Ниџан и секретарката Нисвета Кљуниќ.
Од тамошното МВР потврдија дека загинале тројца вработени во гимназијата, а осомничениот потоа се обидел да си пресуди. Тој е префрлен во Ургентниот центар во Бања Лука.
Мотивот наводно се одредени несогласувања кои постоеле и претходно бидејќи убиените биле дел од комисијата која го суспендирала М.В., пишува „Независне“.
Во тек е истрага, а училиштето е опколено од силни полициски сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ги yбил директоpот, професорка и секретарката, биле…
Тројца загинати денеска во пукањето во гимназијата…
Сараевскиот ќебап заштитен како автохтон производ и…
Ова го потврди градоначалничката на Сараево, Бенијамина…
ФОТО: Хорор на лет, ветробранското стакло на…
Ветробранското стакло на џамбо џет Боинг пред…
Хорор во Србија: Го убил татко си…
Јожеф М.(37) од Суботица е осомничен дека…
Хорор: Син го уби татко му, па…
Син го заклала татко си во Симеоновград,…