ХОРОР: Мртво бебе е пронајдено во куфер во Атина, имало повеќе од 10 убодни рани

t

Вистински хорор се случувал во Атина, откако синоќа било пронајдено замрзнато бебе во куфер во стан во центарот на градот, објави „Екатимерини“.

Бебето имало повеќе од 10 убодни рани, покажал форензичкиот извештај.

„Раните, кои беа пронајдени на грбот на бебето, беа со различна длабочина. Врз основа на наодите, причина за смртта биле повеќекратни убодни рани, а властите го третираат случајот како кривична истрага. Се очекува во досието на случајот да биде додадено обвинение за чедоморство“ наведува весникот.

Форензичарот не можел да го утврди точното време на смртта или возраста на бебето поради состојбата во која е пронајдено телото. Првичните проценки сугерираат дека детето имало околу осум до девет месеци.

Телото е откриено во неделата во изнајмен стан  на улицата Тасос во Кипсели, во куфер што го носеле 38-годишна Германка и нејзината 15-годишна ќерка додека се подготвувале да заминат.

Жената првично им кажала на властите дека бебето е нејзино дете и дека починало пред околу осум месеци.

Жената, нејзиниот 43-годишен грчки партнер и нивната ќерка се уапсени поради наводно непријавување на пронаоѓањето на мртво тело. 26-годишен Авганистанец, кој вели дека е во врска со ќерката, исто така е уапсен под обвинение за дрога.

Ќерката и двете момчиња, на возраст од девет и 12 години, остануваат под заштитен старателство во Детската болница „Аја Софија“ додека се спроведуваат ДНК тестови за да се утврди нивната врска со наводните родители.

Полицијата, исто така, пронашла секс играчки во куферот. Тие отишле во станот во недела попладне по жалбите на сопственикот за неплатена кирија, одбивањето на станарите да си заминат и заради наводната употреба на дрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

82-годишник почина по кавга за лежалка во…

Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…

Два земјотреси се регистрирани денес во Грција

Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…

Во Кожани ќе се гради ДАТА ЦЕНТАР…

Еден од најголемите центри за податоци во…

ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…

Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…

Турција и Грција ја освојуваат Месечината

Турција планира да го испрати својот прв…