Анкета за изборите во САД: Харис со два индексни поена предност пред Трамп
Последното истражување на американската агенција ЈуГов покажа дека во трката за претседател на САД со два отсто од гласовите, демократската кандидатка Камала Харис има предност пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп, објави Демостат.
„Резултатите од истражувањето покажаа дека Харис има поддршка од 46 отсто од гласачите, а Трамп 44 отсто. Роберт Ф. Кенеди помладиот, како потенцијален трет кандидат во моментов има поддршка од три проценти од гласачите, што укажува на неговата можна одлучувачка улога во конечниот резултат на неизвесните избори“, наведува Демостат и додава дека истражувањето oпфатило и тоа како гласачите гледаат на кандидатите за идните потпретседатели на САД, а ја обработило и потенцијалната улога на третиот кандидат Роберт Ф.Кенеди.
Американската агенција ЈуГов го спроведе најновото истражување кое дава увид во ставовите на американските гласачи во однос на ноемвриските претседателски избори. Покрај кандидатите за потпретседатели, значајна улога во конечниот резултат на претседателските избори би можела да има и кандидатурата на Кенеди помладиот, кој се јавува како независен кандидат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
49-годишен скопјанец силувал дете под 15 години
Кривична пријава за силување на дете помладо…
Пронајдени пет мигранти од Непал во возило…
Пет мигранти од Непал биле пронајдени во…
Речиси пет години биле хакирани државните мрежи…
Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале…
ДЗС: Во Прилеп безбедно отстранета 75-милиметарска артилериска…
Тимот пиротехничари на ДЗС во градот Прилеп…
Осум месеци затвор за човекот кој ги…
Осум месеци затвор и укинување на притворот…