Од брза пошта во Тетово украле коверти со пари и документи

t

Уапсени се две лица кои извршиле кражба пред објект на фирма во Тетово, соопшти полицијата.

МВР информира дека синоќа во 20.45 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(19) и Х.Ш.(22), двајцата од Тетово.

-Тие се сомничат дека околу 20.20 часот пред објект на приватна фирма – брза пошта во Тетово со закана со огнено оружје кон вработениот и уште едно лице, од возилото кое го товарале одзеле три коверти со пари и документи, се наведува во информацијата.

При приведувањето кај Х.Ш. бил пронајден и одземен нож. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…

Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Апасиев до власта: Не одите уште долго…

*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…