Унгарија воведува златни визи, има услови, но за Македонците се поволни
Таканаречената програма за златна унгарска виза одобрена од владата на премиерот Виктор Орбан ќе започне во Унгарија од почетокот на следната година.
Иако европските земји ја напуштаат програмата за „златна виза“, Унгарија повторно ја лансира во 2025 година и им нуди можност на богатите странски државјани да живеат и работат во земјата во замена за големи инвестиции. Во превод, извесен период можете да ги добиете сите поволности да живеете во таа земја, која е членка на Европската унија од 1 мај 2004 година, но за одредена сума на пари.
Во случај на купување недвижен имот во Унгарија, инвеститорот ќе добие право на десетгодишен престој во Унгарија, а пред се ќе добие унгарски пасош кој ќе му овозможи неограничено движење во Шенген зоната. Условот е купување на недвижен имот во вредност од најмалку половина милион евра.
Друга опција за добивање на десетгодишна дозвола за престој и унгарски пасош е да се инвестираат најмалку 250.000 евра во инвестициски фондови за недвижнини издадени од Унгарската народна банка.
Зеленски ја посети граничната област за прв пат откако украинските сили влегоа во Русија
Зеленски ја посети граничната област за прв пат откако украинските сили влегоа во Русија
Третата опција е јавна донација од најмалку еден милион евра.
Кинезите веќе се заинтересирани за недвижнини во главниот град на Унгарија. Некои нови имоти во Будимпешта се прескапи дури и за странските купувачи, па тие бараат попристапни опции на периферијата на градот, истакна Оран Бен-Езра, експерт за продажба на недвижности во Будимпешта.
Унгарија исто така ќе има корист од програмата за златни визи. Унгарската држава и унгарската народна банка ќе имаат корист на краток рок од доаѓањето на странски инвеститори и тоа ќе го поттикне пазарот на недвижности, рече Бен-Езра. Сепак, Русите и Белорусите веќе можат да влезат во Европската унија преку Унгарија во јули оваа година. Тие можат да се регистрираат во земјата како гастарбајтери со национална идентификација и потоа да користат слободно движење во Шенген зоната.
Андраш Рац, унгарски експерт за Русија, рече дека со овој чекор Унгарија го отвора пазарот на трудот за Русите и Белорусите. Рац го гледа тоа како голем безбедносен ризик.
Унгарија одлучи од 8 јули 2024 година граѓаните на осум земји – Босна и Херцеговина, Македонија, Белорусија, Молдавија, Црна Гора, Русија, Србија и Украина – да можат да работат на нејзина територија под поповолни услови. Можно е да се поднесе барање за национална лична карта за две години, но потоа повторно да се поднесе барање за продолжување на важноста секој пат за уште три години без дополнителни ограничувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…