Скопјанка тешко повредена при судир меѓу „рено“ и мопед во Илинден
Четириесет и шестгодишна скопјанка е тешко повредена во сообраќајка која се случила вчера попладне во Илинден.
„Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„2“ во населбата Илинден во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(47) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Ш.(43), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од мопедот Е.Ш.(46) од Скопје, а со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобил возачот Е.Ш.“, информираа од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…
Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…
Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…
(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…
Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…
Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…
Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…
Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…