Објавено на:

Уапсен е возачот на автобусот по тешката сообраќајка во близина на Белград

t

Тој е уапсен од полицијата во Белград, по наредба на Второто основно јавно обвинителство, поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, објави Телеграф.

Тој се сомничи дека утрово во Умка додека управувал автобус на градски превоз удрил во тешко моторно возило и во таа прилика едно лице од автобусот настрадало, додека 18 патници се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар.

На М.К му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

Инаку, камионџијата кој утрово нешто пред 8 часот учествуваше во страшната несреќа со автобусот раскажа што се случило на патот.

“Автобусот удри во камионот одзади. Страшно. Бев во камионот, гледам, гледам дека сака да уидри во мене. Не знам како не видел”, изјавил за “Република” видно вознемирениот возач, по што се упатил да им помогне на повредените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Целта на случајот со Ива Михајлова…

Премиерот Христијан Мицкоски верува дека зад случајот…

Рама: Ова не е студентски протест, градот…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше пред…

Разочарување за евроскептиците: Ле Пен не сака…

Неколку објави на социјалните мрежи тврдат дека…

Митровски: Ива веќе не може да мрдне…

*Објава на Фејсбук на адвокатот Јанаки Митровски…

Цената на струјата останува иста до крајот…

Цената на електричната енергија до крајот на…