„Московското метро вода да ѝ носи“: Конче има постојка од 470.000 денари, а ќе речеш само метал…

t

Општина Конче очигледно има намера да се натпреварува со најголемите светски метрополи, но не со инфракстуктура, дигитализација, гасификација, инвестиции, фабрики, облакодери и слично, туку со рекордни суми за автобуски постојки.

Да, Општина Конче дала 470.844,90 ден за автобуска постојка. Договорот е склучен во април годинава, помеѓу Општина Конче и Друштво за производство,градежништво и трговија ТЕХНИКА ДООЕЛ Радовиш.

Договорот е потпишан од страна на градоначалникот на Конче, Златко Ристов.

Постојката поскапа од постојка во московското метро, па логично се очекува да биде некое уметничко дело, дигитализирана, климатизирана и што уште не, но не е баш така. Се работи за обична метална конструкција каде можат да седнат тројца до четворица луѓе…

Има се, може се… Вака се г(к)ради со народни пари…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гори депонијата во Конче, граѓаните дишат отрови,…

Гори општинската депонија во Конче, локалната власт…

Советник од ВМРО-ДПМНЕ во О. Конче со…

Советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина…

„Московското метро вода да ѝ носи“: Конче…

Општина Конче очигледно има намера да се…

Левица го обвини градоначалникот на Ѓорче Петров,…

152.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНА ПЛАТА НЕ ГИ ЗАСИТУВА…

Вие гответе на евтина струја: Фирма со…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…