(Вознемиpyвачко видео) За влакно избегната трагедија, прелета како ракета – Снимка од излетувањето на автомобилот во Вардар
Снимка од безбедносните камери покажува како се случила страотната несреќа утринава во центарот на Скопје, каде возило „Киа“ ја проби оградата на мостот кај МАНУ и излета во Вардар.
A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)
Утрово екипа на ЈП “Улици и патишта” Скопје, интервенираше на санација на заштитната ограда на “Мостот на Револуцијата” во близина на Веро Џамбо.
„Одбојната ограда на мостот е времено санирана со цел одржување на безбедноста на пешаците и возилата кои движат во овој дел од градот. Оштетувањето на заштитната ограда од мостот беше предизвикано од возило кое утрово излета во водите на река Вардар. По налог на Град Скопје и во корелација со МВР, штетата на оградата навремено е санирана, ЈП Улици и патишта апелира за внимателност во движењето на учесниците во сообраќајот“, велат од ЈП Улици и Патишта.
Авомобилот е на скоро 50 метри од местото каде удрил во оградата.
„На 24.08.2024 во 07.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.К. (32), ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и паднало во реката Вардар. В.К. е пренесн во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување на помош“, велат од МВР за „Скопје1“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемиpyвачко видео) За влакно избегната трагедија, прелета…
Снимка од безбедносните камери покажува како се…
Автомобил со македонски регистарски таблички учествувал во…
Автомобил со македонски регистарски ознаки учествувал во…
Двојно зголемен водостојот на Вардар кај Јегуновце
Речиси двојно е зголемен водостојот на реката…
Официјално: Горан Петрески нов тренер на Вардар
Откако денес претходно беше потврдено заминувањето на Горзад…
Голем помор на риба во Вардар кај…
Голем помор на риба и останатиот жив…