Објавено на:

Терористичката ИД ја презеде одговорноста за нападот со нож во Германија

t

Терористичката Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот од вчера вечерта во германскиот град Солинген, кога напаѓач уби три лица, а рани уште осум со нож, пренесува Ројтерс. Според Билд, германските истражители ја проверуваат оваа информација.

Претходно денеска германски „Велт“ објави полициски извештај, повикувајќи се на очевидци, кои рекоа дека напаѓачот за време на крвавата гозба извикувал „Алаху Акбар“ и дека често ја посетувал локалната џамија во Солинген.

По напаѓачот се уште се трага, а германската полиција денеска соопшти дека во врска со нападот на фестивалот во Солинген е уапсен 15-годишен тинејџер.

Од полицијата на прес-конференцијата изјавија дека има индиции дека напаѓачот ги избодел жртвите со нож, особено во пределот на вратот.

„По евалуацијата на првите слики има индиции напаѓачот да ги бодел жртвите со нож во вратот“, рече директорот на полицијата Торстен Флеис на прес-конференција.

Се сомнева дека тинејџерот однапред знаел за нападот, но не пријавил во полиција, пренесува Билд.

Германската полиција се уште трага по напаѓачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Страшно невреме во Германија: торнадо корнеше…

Силно невреме вчера зафати делови од Германија…

Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок…

Германија значително го зголемува бројот на припадници…

„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…

Во разговор зад затворени врати со висок…

Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…

Како одговор на растечката закана од сили…

Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…

Германија се соочува со хибридни напади од…