Масовна хемиска каcтрација на педофили во Казахстан, во тек е кампања за хиpуршка постапка
Кастрацијата ќе се одржи во време на кампања за хируршко отстранување на гениталиите од најлошите престапници.
Сите мажи наводно „извршиле криминални дејствија против сексуалниот интегритет на малолетници“ во регионот Коштанај на северот од земјата, објави „Дејлимејл“.
Деталите за случаите не се објавени, но почнувајќи од оваа година во Казахстан, оние кои ќе извршат сексуално злосторство врз малолетник се принудени да примаат инјекции за да го намалат нивното либидо.
Надлежните одобрија секој педофил да прима вкупно 24 инјекции годишно, од кои секоја чини околу 330 евра.
Одлуката за масовна кастрација во Казахстан доаѓа во време на кампања за заострување на сегашните закони за да се дозволи хируршка кастрација на најсериозните сексуални престапници врз малолетници.
Еден од уапсените педофили е Секихан Жакупов, регионален претставник на владејачката партија. Нему му се суди за наводен сексуален напад врз седумгодишно момче. Доколку биде осуден, му се заканува хемиска кастрација и долготраен затвор.
Казахстан има некои од најстрогите закони за педофили во светот. Официјални информации за педофилите се објавуваат на нивните адреси откако ќе излезат од затвор за родителите да знаат каде постои потенцијална опасност за нивните деца.
Сепак, се погласни се оние кои тврдат дека законите не се доволно строги. Досега, околу 30 мажи годишно низ целата земја се соочуваа со хемиска кастрација. Сега, сепак, 11 случаи се регистрирани само во еден од 17-те региони.
Елнур Бејсенбаев, пратеник и извршен секретар на владејачката партија Аманат, рече дека владата не е доволно силна бидејќи ги помилува педофилите и не усвоиле задолжителна хируршка кастрација.
„За жал, сексуалните злосторства врз децата стануваат се почести“, рече тој, сугерирајќи дека хемиската кастрација, која го намалува машкото либидо преку инјектирани антиандрогени лекови, не била ефикасна.
„Со ослободувањето на силувачот, му дозволуваме повторно да изврши кривично дело“, додаде тој.
Бејзенбаев вети дека ќе продолжи да се залага за новиот закон и покрај загриженоста на владата дека неговиот предлог ги крши човековите права:
„Не предлагаме да се применува на сите педофили, но сакаме да им дадеме на судовите можност за хируршка кастрација. Доколку нападот од педофил е особено суров, сметам дека мора да се примени хируршка кастрација“, посочува тој и продолжува:
„Речиси 450 такви злосторства се извршени врз деца. Нашата влада покажува недостаток на ‘рбет со тоа што не одобрува хируршка кастрација, како да ги кршиме правата на педофилите, бидејќи педофилите се луѓе. Верувам дека тие не се луѓе.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Референдум во Казахстан за изградба на првата…
Казахстан денеска на референдум се изјаснува дали…
Масовна хемиска каcтрација на педофили во Казахстан,…
Кастрацијата ќе се одржи во време на…
Сиљановска ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор…
Претседателката денеска ги прими акредитивните писма на…
Поранешен казахстански министер осуден на 24 години…
Поранешниот казахстански министер за економија, Куандик Бишимбаев,…
Уапсени над 60 педофили во Хрватска во…
Во минатогодишната меѓународна операција ОА ФЕНРИС, чии…