Омилената новинарка на Путин советува: Избришете ја чувствителната кореспонденција на Телеграм
Маргарита Симонјан, главниот уредник на агенцијата Русија денес, ги советуваше сите да ја избришат чувствителната кореспонденција на Телеграм поради апсењето на ко-основачот на апликацијата, Павел Дуров.
„Што е главното во приказната со Дуров? Дека секој што е навикнат да користи Телеграм за чувствителни разговори/преписки треба веднаш да ја избрише таа кореспонденција и да не го прави тоа повторно. Затоа што го привеле да ги земе клучевите. И тој ќе им даде“, рече таа.
Таа претходно истакна дека Дуров ја напуштил Русија за да не соработува со разузнавачките служби.
„Понекогаш соработуваше со западните разузнавачки служби – или барем строго ги следеше инструкциите за блокирање на RT во оние земји каде што сме под санкции. Но, тоа не му помогна“, напиша Симонјан на нејзиниот канал на Телеграм.
Француските медиуми во саботата вечерта објавија дека основачот на Телеграм, Павле Дуров, бил приведен на аеродромот Бурж. Дуров бил приведен кога се симнувал од приватен авион, кој наводно допатувал од Азербејџан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Омилената новинарка на Путин советува: Избришете ја…
Маргарита Симонјан, главниот уредник на агенцијата Русија…
Рускиот омбудсман: Причината за апсење на Дуров…
Комесарот за човекови права во Русија, Татјана…
Такер Карлсон за апсењето на Дуров: Не…
Основачот на Телеграм, Павел Дуров е приведен…
Во Франција е приведен основачот на Телеграм,…
Основачот на Телеграм, Павел Дуров е приведен…
Фајненшл Тајмс: На Телеграм се шират доверливи…
Документите на Пентагон, што припадникот на Националната…