Шолц: Нападот во Солинген беше тероризам, Германија ќе ги забрза депортациите
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска најави дека ќе ја зајакне контролата на носењето смртоносно оружје, три дена откако исламистички терорист уби три лица со нож во западниот град Солинген, јави Хина.
-Тоа е неопходно и тоа ќе се случи многу брзо, рече Шолц при посетата на овој град.
Германскиот канцелар смета дека Бундестагот (германски Парламент) брзо ќе го одобри нацрт законот.
Нападот во петокот се случи на плоштадот во центарот на Солинген, за време на фестивалот на различностите организиран по повод 650-тиот роденден на градот.
Во нападот три лица загинаа, а уште осум се повредени. Властите подоцна приведоа 26-годишен Сириец, за кој се верува дека е член на радикалната Исламска држава.
Агенцијата ДПА објави, без да наведе извор, дека на напаѓачот му бил одбиен азил и дека требало уште минатата година да биде депортиран од земјата.
Шолц денеска најави дека ќе ги забрза депортациите и дека посилно ќе се бори против илегалната миграција.
-Ова беше тероризам, тероризам против сите нас, рече тој додека положи цвеќе на местото на нападот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…