Гаши на прашање на Инфомакс открива: И тој тргнал накај аеродромот во Скопје да ја спасува Османи од редовна процедура

t

На денешниот брифинг со новинарите, претсдателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши посочи дека била исцрпена темата со мега-скандалот на скопскиот аеродром каде неговото обезбедување извади оружје во ВИП делот на скопскиот аеродром со цел да ја спречи нормалната процедура за проверка на багажот на косовоската претседателка, Вјоса Османи.

-Друг настан беше аеродромот, тука мислам дека е исцрпен во јавност целиот настан. Да ви укажам на еден дел, претседателот на Собранието нема свое обезбедување, тој е обезбедуван од МВР. Сето што е поврзано со обезбедувањето на претседателот, е поврзано со МВР и се што е врзано за прекршување е врзано со МВР, не со Собранието или Африм Гаши. Со таа постапка кога се обидувате да го смирите тој настан, станувате жртва на некои политички цели, меѓутоа се чувствувам добро бидејќи сум спречил приватен инцидент, вели Гаши.

На прашање на Инфомакс кои се надлежностите на претседателот на Собранието, дали тоа вклучува и разрешување на конфликти на аеродром, Гаши вели дека не му е опис и попис на работно место ниту да одржува брифинзи со новинари, но одржува. Меѓу другото Гаши истакна дека тој сакал да спречи инцидент и да спаси живот, но откако новинарите го запрашаа чиј живот бил загрозен, на Вјоса Османи или на македонските полицајци, истакна дека немало загрозен живот, но тој не сакал да дојде до конфликт меѓу полицијата и обезбедувањето на Вјоса Османи, бидејќи можело да има инцидент, а тој сакал да го спречи.

Како што вели Гаши обезбедувањето требало да биде претходница, па тој да отиде на скопскиот аеродром, меѓутоа во моментот имало седница на службите, а додека да заврши седницата ситуацијата веќе се разрешила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…