Меџити од Тирана: ВМРО не е како некогаш

t

Новата Влада е нов почеток за Македонија, бидејќи сегашната ВМРО-ДПМНЕ не е заложник на хипотеките од минатото, а се случи и долгоочекуваната промена која донесе создавање на Влада без ДУИ, која цели 22 години, ја монополизираше албанската политика, а македонските партии постојано се менуваа, изјави првиот вицепремиер Изет Меџити на Конференцијата на амбасадорите во Тирана, организирана од Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

Мислам дека сега е сосема друго ВМРО, тоа е нов почеток. Таму сме како претставници на Албанците, легитимно, ги претставуваме Албанците, но придонесуваме и за ориентацијата на државата, така што проевропската ориентација на државата останува на врвот на приоритетите, но товарот го преземаме толку колку што ни припаѓа нам како Албанци, затоа што за да направиме уставни измени мора да имаме 2/3 од гласовите во парламентот, изјави првиот вицепремиер на РМ, Изет Меџити.

На оваа конференција беа присутни и албански политичари од земјите од регионот, како и министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, како домаќин на настанот. Зборувајќи за односите на официјална Тирана со Албанците во регионот, тој рече дека Тирана не се меша во внатрешните работи и дијалогот на Албанците каде и да се тие, туку се обидува да се ангажира и заедно, како што рече, со неговите сестри и браќа за прашање кое е многу важно – евроатлантските интеграции.

Верувам дека сите албански политички сили, каде и да се, беа промотори на развојот и придвижувањето на општествата на Македонија, Црна Гора, Косово или јужна Србија кон европските семејства. Ние, барем оваа влада, во ниту еден момент нема да учествуваме и интервенираме во внатрешно-политичките дебати, нема да им кажеме на Албанците од Косово или Македонија за кого да гласаат или како да гласаат, да, ќе бараме од сите да продолжат да се ангажираат и да ги задржат своите земји, нивните општества во реалноста каде што се, кон ЕУ, вели Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Албанија.

Шефот на албанската дипломатија на панел-дискусијата посочи дека Министерството за надворешни работи на Албанија започнало проект, кој го нарече сериозен, за создавање на оддел кој ќе се занимава исклучиво со Албанците во регионот и кој ќе биде посветен на сите прашања кои ги засегаат Албанците, не само политички, туку и во образованието, здравството, културата и друго. Хасани зборуваше и за зголемување на ангажманот на албанските дипломати во земјите од регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

А да ги ѕирнеше дивоградбите во Чаир?…

Вицепремиерот и министер за животна средина и…

Министерот Меџити најави околу Нова година нови…

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…

Меџити: Се залагаме во Македонија да не…

Демократско движење се залага во Македонија да…

Меџити: Обезбедивме враќање на КАТО-системот кој долгорочно…

Министерот за здравство Фатмир Меџити попладнево во…

Меџити: eден месец пред скандалот на Онкологија…

Имавме индиции дека во минатото се случила…