Мексиканската влада ги прекина односите со американскиот амбасадор
Мексиканската Влада ги прекина односите со американскиот амбасадор во таа земја, откако американскиот дипломат ја критикуваше предложената судска реформа, соопшти денеска мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.
– Дојде до пауза, рече Лопез Обрадор и појасни дека се работи само за односот со амбасадорот, а не со САД во целина. Тој посочи дека до сега имал „добар и конструктивен однос“ со амбасадорот Кен Салазар.
Салазар минатата недела ги критикуваше судските реформи како закана за мексиканската демократија, тврдејќи дека тоа ќе го изложи судскиот систем на влијание на организираниот криминал и ќе ги доведе во опасност трговските односи меѓу САД и Мексико, што Лопез Обрадор го отфрли како „мешање во внатрешните работи на Мексико“ кое може да ја загрози мексиканската демократија.
САД и Мексико се главни трговски партнери, а САД постепено отворија повеќе фабрики во Мексико за да ги пренасочат своите синџири на снабдување од Кина.
Лопез Обрадор денеска ја истакна потребата од почитување на суверенитетот на народите, но потврди и дека односите со Салазар и американскиот претседател Џо Бајден остануваат пријателски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Главниот товар на истрагата го имаа безбедносните…
Овој случај уште еднаш покажува колку е…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта…
„СДС ја побара надзорната расправа за Алта…
Борисов: Бугарија се претвора во „пиратска држава“…
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов,…
Свеста и чувството дека сум Македонец треба…
Денеска се навршуваат 152 години од раѓањето…
Златото и среброто тонат, изгубија до 60…
Златото и среброто се соочуваат со остар…