Кремљ: Европа ќе плаќа поскап гас ако Украина не се премисли
Во случај Украина да не се согласи да го продолжи договорот за транзит на руски гас преку нејзина територија по истекот на сегашниот на 31 декември, европските потрошувачи ќе го почувствуваат тоа во вид на повисоки цени, соопшти денеска Кремљ.
Украина повтори дека не планира да потпише нов договор за транзит на гас со Русија поради тековниот воен конфликт. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, од друга страна, рече дека доколку Киев не го продолжи договорот, Русија би можела да најде алтернативни рути, како што е планираниот турски гасен центар.
„Има и други рути, но секако дека таквите одлуки од украинската страна ќе нанесат сериозна штета на интересите на европските потрошувачи, оние кои сепак сакаат да купат погарантирано и попристапно руски гас“, најави Песков.
Тој исто така рече дека Европа ќе мора да плати повеќе за гас од другите добавувачи, вклучително и течен природен гас (LNG) што доаѓа од САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…