Пет активни пожари денеска до 19 часот

t

Во текот на денешниот ден, среда, 28.08.2024 година, до 19:00 часот, има вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола е 1 и изгаснати се 20, информираат од ЦУК

АКТИВНИ: 5

  1. Општина Чашка: Планина Мукос, с.Степанци и м.в.Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени (мешана шума);
  2. Општина Студеничани 1: над с.Црвена Вода, м.в.Крста (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
  3. Општина Сопиште: с.Маркова Сушица (мешана вегетација);
  4. Општина Студеничани 2: с.Љубош – с.Горно Количани (ниска вегетација);
  5. Општина Кривогаштани: с.Средоред – с.Вранче – с.Кривогаштани (стрништа и сува трева).

ПОД КОНТРОЛА: 1

  1. Општина Охрид: планина Галичица, Општина Охрид и Општина Ресен (чадење во внатрешноста).

ИЗГАСНАТИ: 20

  1. Општина Дебар 1: с.Татар Елевци (мешана дабова шума и сува трева);
  2. Општина Дебар 2: с.Могорче (депонија);
  3. Општина Битола 1: кај Тунелот (ѓубре и сува трева);
  4. Општина Битола 2: кај Тунелот (ѓубре и сува трева);
  5. Општина Демир Хисар: с.Сопотница (ѓубриште);
  6. Општина Лозово: с.Дурфулија – с.Кратманово – с.Кишино (млади борови);
  7. Општина Ново Село: Депонија (ѓубре);
  8. Општина Желино: с.Мерово (сува трева);
  9. Општина Боговиње: с.ЖЕровјане (сува трева);
  10. Општина Врапчиште 1: с.Врановци (ниско стеблеста шума, сува трева, отпад);
  11. Општина Врапчиште 2: с.Сенокос (шума и сува трева).
  12. Општина Маврово-Ростуште: с.Требиште (стрништа и сува трева);
  13. Општина Струга 1: с.Драслајца (сува трева);
  14. Општина Струга 2: с.Добовјани (сува трева);
  15. Општина Ѓорче Петров: нас.Ѓорче Петров (сува трева);
  16. Општина Бутел: с.Визбегово, Качанички Пат (сува трева и магацина за градежен материјал);
  17. Општина Кисела Вода: ул.Трета Македонска Бригада – помеѓу пругите кај Тутунски комбинат (сува трева и монтажни објекти на Македонски железници);
  18. Општина Чучер Сандево: кај Аеродром Стенковец (сува трева);
  19. Општина Штип: помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали (нискостеблеста шума и сува трева);
  20. Општина Ранковце: с.Ранковце (нискостеблеста шума и сува трева).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор,…

Од вкупно 11 пожари на отворен простор…

Нема активни пожари во Македонија

До 13 часот денеска регистриран е еден…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест сѐ…

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно…