Објавено на:

Трамп ги обвини Бајден и Камала Харис за обидот за атентат врз него

t

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги обвини претседателот Џозеф Бајден и неговата демократска ривалка Камала Харис за обидот за атентат минатиот месец, обвинувајќи ги дека ѝ отежнуваат на Тајната служба да го заштити.
Трамп ова тврдење, за кое не понуди никакви докази, го изнел во ток-шоуто на доктор Фил што го води Фил МекГроу, објави Гардијан.


Претходно беше објавено дека неколку агенти на Тајната служба од канцеларијата во Питсбург биле ставени на административно отсуство по нападот на Трамп на 13 јули во Пенсилванија.
„Кога тоа се случи, луѓето се прашуваа чија е вината. Мислам дека до одреден степен тоа е вина на Бајден и Харис“, рече Трамп во ТВ-емисија.
Тој додаде дека двајцата не биле премногу заинтересирани за неговото здравје и безбедност.
„Тие ѝ отежнаа на Тајната служба да го има потребниот персонал“, рече Трамп.
Во деновите по нападот, Тајната служба призна дека обезбедувањето на поранешниот претседател се жалело на недоволниот број на безбедносни лица во претходните две години, како и дека не одговориле на некои од нивните барања.


Сепак, нема докази дека Бајден и Харис, кои го осудија обидот за атентат, директно учествувале или се мешале во работата и организацијата на Тајната служба.
Во емисијата, Трамп, исто така, ги обвини Бајден и Харис за политичка реторика против него, што тој посочи дека може да доведе до обид за атентат.
„Велат дека сум закана за демократијата. Тоа е фраза што постојано ја повторуваат и може да предизвика потенцијални убијци. Тоа е страшна работа. Можеби тој куршум пристигнал поради нивната реторика“, рече поранешниот претседател.
ФБИ соопшти дека напаѓачот против Трамп, Метју Крукс, кој беше убиен, дејствувал сам и дека не се пронајдени докази за неговите идеолошки мотиви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ги обвини Бајден и Камала Харис…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги обвини…

Директорот на ЦИА е во посета на…

По посетата на Сараево, директорот на американската…

Карлсон: Обичните Американци се борат со сиромаштијата…

Американските власти повеќе се грижат за корумпираните…

Стејт департмент: САД се во редовен контакт…

САД се во редовен контакт со владини…

Сиљановска Давкова на средба со командантот на…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид…