Најчевска ги подбра свадбарите од Вреди: Како може интерпелација да е напад врз институциите?

t

По реакциите од коалицијата „Вреди“ за иницијативата за интерпелацијата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, остра реакција и од професорката Мирјана Најчевска, која нивните реакции ги нарече напад врз демократските институции и владеењето на правото. 

– Како може регуларна демократска процедура како што е интерпелацијата да биде напад врз државните институции и да е против евроатлантската интеграција?

Всушност, според мене, ВРЕДИ со самиот акт на осуда на институтот интерпелација директно ги напаѓа демократските институции, функционирањето на Собранието и принципот на владеење на правото – напиша Најчевска на Фејсбук. 

Таа дополни дека „ваквиот директен напад на институт кој е предвиден и гарантиран со Уставот на Македонија (член 72 од Уставот) е директен акт на повикување на противуставно делување и само чекор од насилно рушење на уставниот поредок.

Според членот 72 од Уставот:

Интерпелација може да се постави за работата на секој носител на јавна функција – нагласи Најчевска во својата објава:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раскол и во Собрнието: Вреди прави пратеничка…

Беким Ќоку ќе биде новиот координатор на…

Не помина интерпелацијата на Тошковски

Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…

Апасиев: Ај ги поканиме мајките на загинатите…

Зошто да не ги поканиме мајките на…

Интерпелација на министерот Панче Тошковски денеска во…

Денеска во 11 часот е закажана седницата…