Го осудиле за фалсификат диплома, ДПМНЕ го стави директор

t

Владата се чини дека „не знае кај тера“ особено со изборот на кадри за раководни позиции низ институциите во државава. МВР го суспендирало од работа поради фалсификувана диплома за завршено СРЕДНО образование, а коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го направија директор.

Се работи за Сафет Ибрахими кој неодамна беше назначен за директор на „Македонија Пат“, подружница Битола. За новата директорска функција Ибрахими и самиот се пофали на Фејсбук.

– Имам чест и задоволство да ве информирам дека сум именуван директор на “Македонија Пат”(подружница Битола).

За ова задача и доверба му се заблагодарувам на преседателот на BESA.

Oбврскитe и должноститe штo ми сe доверени ке ги извршувам со професионалност, совест, транспарентност и одговорност.

Не чека многу работа! – напиша Ибрахими на Фејсбук.

Да не беше за плачење, може и ќе се насмеевме, ама ова е втор случај лик обвинет за фалсификување на диплома да стане диркетор. Претходно објавивме сличен случај со Седат Зулбеари кој беше назначен за в.д директор на Здравствениот дом во Куманово, иако МВР претходно му поднело кривична пријава за фалсификување на исправа.

За да биде трагедијата поголема, Ибрахими има павосилна пресуда во спорот со МВР кои го суспендирале од работа поради овие причини. Основниот суд во Скопје донел пресуда во корист на МВР, Апелациониот суд во Скопје ја потврдил првостепената пресуда, а Врховниот суд одбил да изврши ревизија потврдувајќи ја одлуката на претходните судови. За да биде ситуацијата уште поскандалозна, Ибрахими фалсификувал диплома за завршено средно образование…

Во продолжение дел од пресудата на Апелациониот суд Скопје.

– Основниот суд Скопје II Скопје со обжалената пресуда го усвоил тужбеното барање на тужителот и утврдил дека договорот за работа бр…од 25.08.2013 година, склучен помеѓу РМ «Министерство »од С. и «»Сафет Ибрахими«» од , е ништовен и не произведува правно дејство. Истовремено судот одлучи секоја странка да гуи сноси своите трошцои по попстапката.
Против оваа пресуда навремена жалба вложи тужениот преку полномошник Ѕвонко Ристески, адвокат од С. и тоа поради сите причини предвидени во чл.343 ст.1 од ЗПП, со предлог жалбата да се уважи, пресудата да се укине и предметот да биде вратен на првостепениот суд на повторно судење и одлучување или истата пресуда да се преиначи така што тужбеното барање на тужителот да се одбие како неосновано.
Одговор на жалбата не е доставен.
Апелациониот суд Скопје по разгледувањето на жалбата, обжалената пресуда и списите во предметот, согласно чл.354 ст.1 од ЗПП, најде:
Жалбата е неоснована. – стои во пресудата на Апелација.

Оттаму во образолжението на пресудата стои дека првостепениот суд донел јасна, разбирлива и добро образложена пресуда.


– Неоснован е жалбениот навод кој укажува на сторени суштествени повреди на одредбите од чл.343 ст.2 т.14 од ЗПП, бидејќи обжалената пресуда е јасна, разбирлива и содржи доволно образложени прични за решителни факти од кои се раководел првостепениот суд при одлучувањето. Неоснован е жалбениот навод за погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба. Ова од причина што по оценка на Апелациониот суд Скопје фактичката состојба е правилно и целосно утврдена, истата содржи образложени причини за решителните факти од кои се раководел првостепениот суд и се темели на изведените и правилно ценети докази во текот на постапката, во смисла на одредбите од чл.7 и 8 од ЗПП, па како таква овој суд во целост ја прифаќа онака како што е утврдена во првостепената пресуда. – стои во пресудата.

Ибрахими пак тврдел дека има диплома, иако во архивите на училиштето таков документ не постоел.
-Со жалбата тужениот укажува дека првостепениот суд неправилно постапил кога одлучил како во изреката на обжалената опресуда бидејќи доставената диплома за положен завршен испит од страна на тужениот не е фалсификат, а тоа што ја нема во евиденцијата не значи дека на истиот не му е издадена, како и дека согласно внатрешните правила на МВР како полицаец може да биде примен во работен однос и лице со завршен IV степен. што значи со трета година средно стручно училиште. Од друга страна предметниот договор за работа бил склучен согласно член 14 од ЗРО и член 12 од КД на РМ, врз основа на постапка спроведена по објавен оглас, од тие причини одлуката за избор е конечна и неможе да биде ставена вон сила со оспорување на договорот за работа кои се темели врз истата.


Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи но истите ги одби како неосновани. Имено, правилно првостепениот суд од изведените докази во текот на постапката утврдил дека во конкретниот случај тужениот Сафет Ибрахими со договор за работа бр…од 25.08.2003 година, склучен помеѓу тужителот и тужениот, тужениот бил примен на работа, на неопределено време на работно место приправник – полицаец во Одделението за полиција во СВР – П. при МВР на РМ, сметано од 20.08.2003 година, заради стручно оспособување за самостојно и стручно вршење на работите и задачите утврдени во правилникот со утврден степен стручна подготовка. Тужениот при склучувањето на договорот за работа доставил диплома за положен завршен испит со што се здобил со средно образование IV степен на стручна подготовка – гимназиска насока, која е заведена под деловоден број… од 23.06.2001 година, издадена од Училиштето за средно
образование С.. – стои во пресудата.

Судот побарал и писмено известување од училиштето од каде укажале дека во нивната евиденција не постои ученик со тоа име.
-Во писменото известување од Училиштето за средно образование С., број… од 03.11.2014 година, директорот на училиштето врз основа на поднесено барање од МВР на РМ ., наведува декла лицето Сафет Бајрам Ибрахими роден на … година во с.Семениште П. нема завршено средно образование во нивното училиште и дека воопшто не постои во нивната евиденција и во главните книги и дека бројот на главната книга и деловодниот број…од 23.06.2001 година воопшто не постојат во документацијата на школото, а бројот на главната книга и деловодниот број не се совпаѓале со нивните броеви.

Од ова известување произлегува дека таква диплома воопшто не била издадена од школото ниту пак била евидентирана во главната книга на школото, кое нешто дополнително е утврдено и од БЈБ Сектор за внатрешни работи, организациски единици за криминалистички работи при МВР – Единица за економски и компјутерски криминал, на записник за извршен увид во документацијата на државен орган – институција што врши јавно овластување и друго правно лице заведен под број… од 31.10.2014 година, каде е констатирано дека главната книга за 2001 година во средното училипте С. не е нумерирана, односно дека главната книга со број… за наведената година не постои, ниту пак деловодниот број… од 23.06.2001 година. – стои во пресудата, по што се утврдува дека Ибрахими никогаш не учел во ова училиште.


– Исто така е утврдено е дека Сафет Ибрахими никогаш не бил ученик во ова училиште и дека од страна на училиштето не била изадена диплома на име Сафет Ибрахими. Сето ова го има и констатирано и секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР С. кој констатирал дека приложената диплома од Сафет Ибрахими била фалсификувана.


Предвид наведеното, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот бил доведен во заблуда од тужениот со тоа што истиот доставил фалсификувана диплома, а врз основа на истата тужителот со тужениот склучил договор за вработување. Поради што и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека договорот за работа склучен помеќу тужителот и тужениот од 25.08.2003 година е ништовен и не произведува правно дејство,согласно чл.95 од ЗОО.


Овој суд ги имаше во предвид и останатите жалбени наводи, меѓутоа најде дека се неосновани без релеватно влијание за поинакво одлучување, од аспект на законитоста на одлуката и правилната примена на материјалното право во конкретниот спор истите се ценети од страна на првостепениот суд и при тоа првостепениот суд дал доволно образложени причини, а кои причлини овој суд во целост ги прифаќа. – завршува пресудата.

Ова е уште еден скандал во кадровската политика на Владата која претходно незаконски назначи директори на затвори, на Управата за извршување на санкции, осудени лица и поранешни затвореници кои станаа директори и заменици во неколку затвори во Македонија, лица против кои се води активна постапка за земање на мито и слично. Владата, по реакциите во јавноста подоцна разреши дел од овие лица, но како што гледаме на промашените кадри им нема крај.

И да, во објавата на Фејсбук Ибрахими му се заблагодарува на Касами како лидер на БЕСА. А и како да не се заблагодари, кога без завршено средно училиште го направија директор…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го осудиле за фалсификат диплома, ДПМНЕ го…

Владата се чини дека „не знае кај…

Најбогатиот цариник ќе стане втор заменик директор…

Само во Македонија, една институција има 11…

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ повторно против себе, набавката на…

Нов ден, нов доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се…

Граѓаните го „злоставија“ Мицкоски на социјалните мрежи…

Изјавата на премиерот дека македонскиот народ мора…

МВР потврди: Исмет Гури ѝ се предал…

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни…