(Видео) Апасиев жестоко во Собранието на интерпелацијата за Гаши – Мицкоски е недоветен што ве штити
– Ние интерпелацијата ја темелевме на седум основи, но во меѓувреме имаме уште 3-4. За свадбата во Косово, за која пред собранието можеби ќе зборува Мицкоски кој ја оцени оваа иницијатива како глупава, вели во денешниот говор во Собранието на Република Македонија, пратеникот Димитар Апасиев по повод интерпелацијата за спикерот Гаши.
– Првата точка е повреда на начелото на секуланост, за првпат без преседан Собранието го направивте центар на антисекуларни активности. Очекував можеби, знаејќи го вмровскио мајмунлуук очекував да добиеме и една собра за крштевки и сунети во Собранието и така да биде мулти-култи.
Сите верски заедници се одвоени од државата и еднакви пред законот, ова одвоени од државата го потенцирам, бидејќи Вие то го прекршивте. Вие прекршивте важно начело на јавното право на секоја цивилизирана држава, религиските чувства се res privata, длабоко интимни и приватни работи и така е во целиот свет освен таму кадешто има државни религии. Доктирната на лаичка држава е погтазена, а погазена е и праксата на Уставниот суд на Македонија. Кога Груевски сакаше да воведе веронаука, го воведе Уставниот суд принципот на неутралност на верските прашања, односно правото на човекот да не припаѓа на ниту една религија.
– Секој има слобода, без влијание од никого и без влијание од државата, да го определи своето верско определување, да прифати, не прифати, промени вера, да ја исповеда или не ја исповеда својата вера. Државата согласно принципот на одвоеност на верските прашања мора да ја задржи својата неутралност и не смее да се наметнува верски комформизам и да бафра спроведување на верски активности, цитираше Апасиев дел од резонирањето на Уставниот суд, како и други пресуди на Меѓународниот суд за човекови права.
– Никој нема против вие кои се чувствувате како христијани, муслимани, будисти да си практикувате обреди, но не во институции. Го прекршивте посебниот Закон каде се вели дека верски обред може да се врши само во верски објекти, вели Апасиев кој истакна дека самата Мерсиха Смаиловиќ е мошне контроверзна личност.
– Вјоса Османи одбила да ѝ го претресат багажот, а вие сте го пратиле таму вашето обезбедување, но ќе видиме како ДПМНЕ ќе ве брани тука за репетиран пиштол на глава на македонски полицаец, истакна Апасиев. Тој се осврна и за неправилната употреба на македонскиот јазик, доставувањето на материјали и на албански јазик на пратеници кои се декларираат како Македонци, повредата на државните инсигнии.
– Секое друго знаме во Собранието освен македонското знаме значи поделен суверенитет, ниту една друга земја членка на НАТО не става знаме на НАТО во нивното Собрание, а ставете и едно американско знаме па да се знае кој е стопан во државата, вели Апасиев.
Тој додаде дека се прекршени неколку Закони кои се прекршени со премиерувањето на Талат Џафери кој истовремено беше и пратеник.
– Ја земавте вашата сопруга во непотребната според нас паралелна делегација во Вашингтон, не постои таков закон кој на сопруга на спикер дава протоколарни ингеренции, како што постои на пример за првата дама, ако жена е претседател нејзиниот маж. Вие го прекршивте Законот за спречување и судир на интереси и начелото за буџетска и финансиска дисциплина, додаде Апасиев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Апасиев жестоко во Собранието на интерпелацијата…
- Ние интерпелацијата ја темелевме на седум…
Стотици Срби пред општина во Митровица, Косово:…
Србите утринава се собраа пред нивната општина…
Запален автомобил на поранешен началник во Струга…
Доцна вчеравечер во Полициската станица во Струга…
Русија: Ја менуваме нуклеарната доктрина поради улогата…
Русија ќе ја промени својата доктрина за…
Пукање во Арачиново: 19-годишно момче со прострелна…
Вчера околу 23.40 часот во СВР Скопје,…