Вучиќ ја одби поканата на Путин да дојде во Русија: Имаме тогаш важни гости од странство, како што велат децата – гужва во шеснаестник

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека пред десетина дена добил покана од претседателот на Русија, Владимир Путин, да се приклучи на самитот на БРИКС што се одржува од 22 до 24 октомври во Казан, но изјави дека тогаш ќе има значајни гости од странство.

„Имаме многу важни гостувања, како што велат децата – гужва во шеснаесетникот. Благодарност до луѓето од БРИКС за поканата и до претседателот Путин. Го имаме и Њујорк и веќе знам дека ќе имам разговори со најмалку шест претседатели и најмалку седум или осум премиери на маргините на сесијата на Генералното собрание на ОН“, изјави Вучиќ за новинарите.

Тој изјави и дека Белград на 20 октомври слави 80 години од ослободувањето, додавајќи дека тогаш ќе бидат организирани бројни програми и планови.

„Не заборавајте дека 80-годишнината од ослободувањето на Белград е на 20 октомври и токму Црвената армија, во најголем дел, со помош на нашите војници, го ослободи Белград и донесе слобода на нашата земја заедно со Русија и сите други што учествувале во ослободувањето“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…

Голем банкарски системски прекин во Јапонија: 128…

Голем системски дефект денеска го парализираше работењето…

Рубио демантира дека ја напушта администрацијата на…

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера категорично…