Се појавија морбили – потврдени кај дете од Долно Коњари
Кај дете на возраст од 12 години, од село Долно Коњари се потврдени морбили, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што појасни таа, според епидемиолошката анкета, болеста е донесена од Нови Пазар, Србија. Детето не е вакцинирано против оваа заразна болест.
„Ова е втор докажан позитивен случај оваа година во Македонија. Првиот е регистриран во јуни, во Лабуништа, Струга. Се работи за невакцинирано дете. На 3 септември од инфективната клиника е препратено до Институтот за јавно здравје, 12 годишно дете, коешто било сомнително на морбили и после направените анализи констатирано е дека детето е позитивно. Се работи за импортиран случај од Србија, во Нови Пазар, каде што веќе има појава на морбили“, рече Андоновска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мисајловски: Не може по било која цена…
Често пати на состаноците во НАТО кажувам…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
(Видео) Путин: Не можеме да бидеме сигурни…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека никој…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…