Неделен возен ред на ЈСП в сабота и во понеделник
Од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираат дека по повод државниот празник „8 Септември“ – Ден на независноста, в сабота и во понеделник ќе се работи по неделен возен ред.
За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10 до 20 часот. Притоа, од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. Во понеделник, 9 септември, жичницата нема да биде во функција, се наведува во соопштението на претпријатието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Барал нож да ја докрајчи, татко му…
Морничави детали од вчерашното насилство во Охрид…
„Да, Бугарија“: Политичкиот скандал со Ива Михаилова…
„Да, Бугарија“ ќе се обрати до Брисел…
Нов мигрантски бран на Канарските Острови: речиси…
Речиси 2.200 мигранти пристигнале со чамци на…
Русија тврди дека погодила товарен брод со…
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…
Два нафтени танкери налетаа на мини во…
Два нафтени танкери налетаа на мини во…