Војна во Холандија: Куман отпиша фудбалер кој замина во С. Арабија!
Фудбалската репрезентација на Холандија, Роналд Куман му ја затвори вратата од националниот тим на Стивен Бергвајн, откако фудбалерот реши да потпише за Ал Итихад од Саудиска Арабија.
Куман кажа дека во неговиот тим нема место за фудбалери кои играат во С. Арабија затоа што тие повеќе не мислат на фудбалот, туку на пари.
„Бергвајн со само 26 години реши да замине во С. Арабија, јасно е дека тоа нема врска со фудбалски амбиции, па затоа за него е завршена кариерата во националниот дрес“, кажа Куман.
Фудбалерот, кој досега одигра 35 меча за Холандија, не остана мирен и му одговори на селекторот.
„Повеќе никогаш не сакам да играм за Куман. Не сакам да играм за некој што така зборува за мене во медиумите. Можеше да поразговара со мене и да ја слушне мојата страна од приказната, но тоа не се случи“, кажа Бергвајн.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите имаат три дена за пријавување за…
Министерството за образование и наука ги информира…
Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал
„ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ Веро Центар на 3 и…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…
Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…
Димитровски: Со Бугарија ни треба европски, а…
Политиката на проширување на Европската Унија е…