Истрага: Наместени 17 натпревари, под лупа и Бундеслигата
Голем скандал го тресе германскиот фудбал, а според тамошните медиуми, дури 17 натпревари во Германија се под истрага за местење.
Како што се наведува, Германскиот фудбалски сојуз покренал истрага, а во склоп на неа има дури 17 натпревари кои се одиграле во германските лиги.
Главно се работи за дуели во третото натпреварување, како и во пониските лиги, но некои натпревари одиграни во Бундеслигата и Цвајт би можеле да бидат под лупа на истражителите.
Се наведува и дека одредени дефанзивци намерно грешеле и пропуштале играчи, а во целата шема биле вклучени и голманите кои им дозволувале на ривалите да постигнуваат голови.
Ова не би било првпат Германија да се најде во центарот на фудбалски скандал поврзан со местење, а претходно тоа беше во случајот „Хојцер“ кога судијата Роберт Хојцер призна дека учествувал во местењето на дури девет натпревари во оваа земја. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ од утре со нови правила за…
Во Европската унија од утре се менуваат…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…
Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…
Американка две години лажела дека е болна…
Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…