(Фото) „Се дружиме за Македонија“: Забава за најмладите по повод 33-иот роденден на Република Македонија во „Беломорски Клуб Читална“

t

„Се дружиме за Македонија“, голема забава за најмладите по повод 33-иот роденден на Република Македонија се одржа деновиве во „Беломорски Клуб Читална“ во центарот на Скопје, а во организација на Здруженијата на Македонците од Егејот.

Десетици дечиња од најразлична возраст заедно со своите родители се забавуваа во ритмите на македонската музика, организирани работилници, квизови преку кои децата покажаа што знаат и можат за Македонија.

Секое од дечињата си замина од клубот со подарок сувенир во црвено жолтите бои на Македонија.

Главна цел на клубот и во наредниот период ќе бидат младите, од нив се почнува. Ќе продлжиме со ваков тип на настани за најмладите но планираме и во континуитет да организираме посета и историски час на деветооделенците во нашиот клуб, се со цел да ја разбудиме националната свест и гордост кај младите“, вели Сотир Лукровски, координаторот на здруженијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…

Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…

Ристовски: Ќе продолжиме да ги поддржуваме настаните…

Министерството за спорт и годинава е генерален…

Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…

На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…