Заедно пиеле, па го убиле: Притвор за двајца осомничени за убиството во Кочани
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
-Двајцата осомничени, по претходна расправија, лишиле од живот едно лице, нивен сосед, удирајќи го повеќе пати со тврди предмети и нанесувајќи му повреди по целото тело.
По наредба на јавен обвинител, на телото на починатиот е извршена обдукција, а од лице место се прибрани траги и материјални докази кои се предмет на вештачења.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Кочанскиот суд го прифати предлогот и им определи притвор од по 30 дена, велат од Обвинителатвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…
По 18 месеци од трагедијата во „Пулс“,…
Осумнаесет месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“,…
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…