Објавено на:

САД: Не добивме покана од семејствата на војниците кои загинаа при повлекувањето од Авганистан

t

Семејствата на загинатите американски војници не испратиле покана до претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис да присуствуваат на Националното гробиште Арлингтон минатата недела за да ја одбележат третата годишнина од нападот на аеродромот во Кабул, соопштија од Белата куќа.

Во изјава за „Ен-Би-Си њуз“ синоќа, Белата куќа ги негираше вчерашните тврдења на републиканскиот сенатор Том Котон и поранешната претставничка Тулси Габард дека претседателот и потпретседателката биле поканети но не дошле.

Посетата на Националното гробиште Арлингтон на поранешниот претседател Доналд Трамп минатата недела беше критикувана поради тоа што се фотографирал со семејствата на место традиционално забрането за снимања со камери и користејќи ја приликата да го политизира настанот во полза на својата изборна кампања.

Армијата на САД исто така критикуваше член од придружбата на Трамп кој турнал вработена во гробиштата која побарала да се запре фотографирањето.

Џон Кирби, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, претходно изјави дека посетата на Трамп била „лична покана од семејствата“ и дека таква покана во Белата куќа не добиле.

Трамп викендов објави на Х фотографии и видеа од војниците кои загинаа при повлекувањето на американската војска во Авганистан во 2021 година. Во едно од видеата Дарин Хувер, татко на загинат војник, изјави дека Трамп искажал почит спрема семејствата и праша „каде биле Харис и Бајден на 26 август 2024 година“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…

Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…

Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…

Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…

Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Кривичен ја одби жалбата за притвор на…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…

Владата со препорака Службен весник да ја…

Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…