СДСМ: Нема одговорност, Рамука доби партиско-политичка заштита од Тошковски и Мицкоски

t

-Бројни скандали се случија на границата со Косово каде по налог на началникот Наим Рамука слободно, без контрола и без евиденција се поминува, како што беше случај и со сватовите на Гаши, соопшти СДСМ.

„Откако Тошковски не успеа да ги заташка скандалите, наместо да побара одговорност од Рамука којшто ги давал наредбите, целата вина им ја накалемува на полицајците кои работат на граничниот премин, иако немаат никаква одговорност.

Со добро познатите методи на ВМРО-МВРО се казнуваат невини и чесни луѓе, кои си ја работат својата работа професионално а се штити вистинскиот одговорен за скандалот. Кога се политичките дилови на коалициските партнери нема одговорност од функционерите.

Тошковски и Мицкоски обезбедија партиско-политичка заштита за нивниот омилен началник Рамука. Нема одговорност за фунцкионерите од власта.

Вака ли ВМРО-ДПМНЕ ја замислува одговорноста за која беседи Мицкоски?

Да се местат луѓе да одговараат иако ништо не згрешиле, само за ДПМНЕ да си ги покрие скандалите?

Ова е неправда од надолен вид. Брука и срамота.

Обвинителството не смее да молчи, мора да постапи по овој случај, невините да се спасат а да одговараат вистинските виновници.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…

На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…

Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…

Во овој момент за нула евра сме…

„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…

Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…