Тајани: Работиме и ќе работиме за Македонија да биде ефективен член на Европската Унија
Работиме и ќе работиме за Македонија да биде ефективен член на Европската Унија во што е можно пократко време, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Тајани, на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, порача дека неговата посета не е само формална, туку е јасна порака за вложувањето на Италија за забрзување на пристапувањето на земјите од Западен Балкам кон ЕУ.
– Со министерот ќе се сретнеме повторно во Њујорк на средбата „Пријатели на Западен Балкан“. Тоа е показател дека Италија верува во регионот и силно го поддржува… Северна Македонија е многу важна, земја пријател на Италија. Сакаме да го зголемиме присуството на италијанските претприемачи. Пред да слетам се сретнав во претприемачи кои сакаат да инвестираат во Северна Македонија и им кажав дека има многу можности за инвестирање и дека оваа Влада, сака и ќе ги поддржи инвеститорите, порача Тијани.
Тијани, исто така, го нагласи и присуството на Македонија во НАТО алијансата и меѓусебната економската соработка, и најави средба за искористување на потенцијалот на Коридорот 8.
-Одлучуваме да организираме средба за Коридорот 8. Ќе видиме до крајот на годината да отвориме дискусија со Македонија, Бугарија и Албанија, за да се забрза економскиот развој и развојот на внатрешниот пазар, изјави Тијани.
Министерот Муцунски, средбата ја оцени како особено важна, нагласувајќи дека ова е прва посета на МНР од Европа, од неговото стапување на функцијата, што рече само ја потврдува и дополнително ја надградува 30-годишната соработката меѓу двете земји. На средбата, Муцунски, рече дека го истакнал значењето за предвидливоста на патот кон европските интеграции, како и дека добил уверување за поддршката од Италија на нашиот пат кон ЕУ.
– Италија е, и останува еден од најголемите поддржувачи на нашите стратешки и надворешно-политички цели, особено кога станува збор за полноправното членство во ЕУ. Добив уверување од мојот колега дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина. Потенцирав дека и понатаму ние сме силно посветени на реформите, добрососедските односи и регионалната соработка, изјави Муцунски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Италија: Дронот што го соборивме над Литванија…
Италија соопшти дека дронот што италијански борбен…
Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…
Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…