ВЛЕН: Балансерот ќе биде преточен во Закон!
Наместо балансер ќе воведеме нов закон за правична и адекватна застапеност, кој ќе гарантира целосна еднаквост за сите етнички заедници, нудејќи владеење базирано на меритократија и правдина, велат од коалицијата Вреди и додаваат дека на тој начин остануваат посветени правата на Албанците и на сите други етнички заедници да бидат загарантирани. Вреди преку соооштение наведува дека прогласува крај на долгата епоха на злоупотреба и политичка манипулација, која во текот на 22 години, како што е наведено, ДУИ ја користеше за да ја задржи власта.
ДУИ преку измами и пропаганда, создаде изобличена систематска структура која ги повреди интересите на Албанците и го спречи нивниот напредок. Време е за длабоки промени, за правдина и правично претставување.
„ДУИ, со долга историја на корупција, ги злоупотреби државните институции за манипулирање со албанските граѓани. Третирајќи ги Албанците како ‘гласачи’, а не како граѓани кои заслужуваат достоинство и еднакви можности, оваа партија го попречи професионалниот развој на Албанците во јавната администрација. Покрај тоа, многу Албанци останаа во позиции без дефиниран работен статус, и покрај ветувањата дадени низ годините. Овие политики доведоа до губење на надежта и масовно иселување на нашата младост“, пишува во соопштението и се додава дека затоа наместо балансерот Вреди ќе воведе нов Закон за правично и адекватно
застапеност.
Крајот на политиките на злоупотреба е неизбежен, и ние сме подготвени да
изградиме нов систем, каде граѓаните ќе имаат достоинство и надеж за
иднината, се вели во соопштението на Вреди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Естонија на 1 декември ќе ја затвори…
По синоќешниот обид за саботажа во естонската…
ОН: До 2100 година Македонија може да…
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…