Филипче: Законот за бранители не ги подгрева меѓуетничките тензии – сакаме да им помогнеме на оваа категорија граѓани
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче заедно со останатите пратеници од неговата партија и коалицијата денеска порачаа дека Законот за бранители е со цел да се излезе во пресрет на реалните потреби на луѓето. Потенцира дека сѐ што може да направат во интерес на граѓаните, ќе продолжат да го прават.
-Воопшто нема димензија на некоја меѓуетничка поделба или подгревање на меѓуетнички тензии, рече Филипче на прес-конференција во Собранието.
Челникот на СДСМ вели дека се подготвени да разговараат за сите аспекти на законот.
-Можеме да отвориме дебата на парламентарната комисија, меѓу парламентарните групи и да видиме дали треба некој дополнителен чекор, да се задоволат и некоја друга категорија на граѓани. Стоиме на тоа да ги задоволиме потребите на граѓаните, дециден е Филипче, додавајќи дека ги почитуваат реакциите.
Според него, пратеничката група на СДСМ била присутна во собраниската сала и ги демантира тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека излегле кога требало да се гласа дневниот ред на седницата, на кој што се требало да се стави и предлог-законот за бранители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…
Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…
„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…
Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…
Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…