Избегал од затвор за да може да краде, сега ќе одговара за сите дела

t

На 13.09.2024 во 15:10 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Б.А.(39) од Струмица.

Тој бил баран со потерница за доиздржување на затворска казна од 6 месеци, за сторени кривични дела „тешка кражба“.

Во службениот разговор извршен со него, Б.А. признал дека во јули и септември на подрачје на Радовиш извршил три кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „разбојничка кражба“.

Кај него биле пронајдени пари и предмети кои ги одзел при извршените кривични дела и ќе бидат вратени на сопствениците.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а лицето било предадено во Затвор Штип за доиздржување на затворската казна.

По целосно документирање на случајот против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја чека катастрофа: Русија почна да…

Русија ја проширува кампањата против украинската енергетска…

Москва со предупредување до Европа: Фабриките што…

Русија испрати ново и директно предупредување до…

Трамп со нова мистериозна порака за Иран:…

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати нова кратка,…

НАТО ѝ одговори на Русија по нуклеарното…

НАТО официјално ѝ одговори на Русија по…

Иранските војници на југот добиле заштитна опрема…

Иранските воени единици распоредени во јужните делови…