Јакимовски за посетата во Бугарија: Отидоа на баци рака и тоа со пеење-оперско, а се вратија со прстот во уста! Ова се нашите новопечени северџани!

t

Дупло голо

Наместо ќар испаднаа зијан, по рејтингот се разбира!

Ова го мислам на власта а преку нив зијанот е и народен.

Кој Цацко ги натера да прават туризам во Бугарија, зарем незнаат со кого си имаат работа?

На Бугарите им се намести пенал и да им вратат во нивни стил за целата реторика што ја имаше ВМРО ДПМНЕ додека беа опозиција а и за време на изборната кампања.

Има ли поголемо понижување да отидеш во посета како Претседател со претставници на владата и да не го истакнат твоето државно знаме.

Жал ми е што морам да констатирам дека во овие 100 дена ВМРО ДПМНЕ се однесува како грогиран боксер.

Кога видоа дека го нема знамето и дека е направен гаф без преседан барем требаше да дадат некоја изјава со која ќе ги разгореа нивните страсти и наместо нашата во наредниве 20 дена да се занимава нивната јавност.

Преседател, Министер за надворешни и Министер за култура сите од истиот хор кој се викаше „РЕ-РЕ-РЕ-ПРЕГОВАРАЊЕ“, овој колосален изум не смееа ни да го изустат во Софија. Нормално тој не се употребува кај бугарската интелегенција, тој беше забава само за наши простаци.

Да резимираме: Знамето не ни го истакнаа, репреговарање не ни помислија да кажат ама затоа во целост ја разбараа операта!

Еве како за ништо се фрлени народни пари!

Отидоа на баци рака и тоа со пеење-оперско а се вратија со прстот во уста!

Ова се нашите новопечени северџани!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…

Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…

Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…

Црногорската влада воведе санкции против Белорусија

Владата на Црна Гора денес одлучи да…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Бочварски: Не се знае до кога ќе…

Благој Бочварски од СДСМ во гостување на…