Откажана е седницата на историската комисија со Бугарија

t

Седницата на историската комисија за преговори со Бугарија која беше закажана за денес нема да се одржи.

Информацијата ја потврдуваат од македонската страна од каде велат дека поради промената на составот, новиот претседател денеска ги известил бугарските колеги дека седницата која што беше закажана за денес и утре во Скопје се одложува.

Првата средба на комисијата во нов состав, според информациите, се очекува во наредните една до две недели

Владата минатиот вторник на затворена седница го смени составот на комисијата назначувајќи го историчарот Ванчо Георгиев за нејзин претседател.

Тој и претходно беше член на комисијата, но си поднесе оставка обвинувајќи за притисоци од страна на тогашното Министерство за надворешни работи предводено од Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…