СДСМ: Разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара
„Разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара. Очекуваме Обвинителството да постапи по овој случај и сите инволвирани во скандалите на северната граница законски да одговараат“, велат од СДСМ откако МВР го разреши Рамука од началник на Рeгионалниот центар за гранични работи Север.
„Тошковски и МВР под притисок на СДСМ конечно признаа вина кај Наим Рамука и го разрешија. Власта не успеа да го спаси, иако се обидуваше да ги заташка бројните скандали и да му обезбеди заштита на Рамука. На границата со Косово се случија серија скандали за кои СДСМ секојдневно алармираше. По налог на Рамука слободно, без контрола и евиденција се поминуваше, што беше случај и со сватовите на Гаши, но и со бегството на Рамадани“, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Tоварно возило прегази велешанка
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…
Директорот на Историскиот музеј „Крушево“ поднесе оставка
Директорот на НУ Историски музеј „Крушево“, Миха…
Утре без вода делови од Маџари и…
Поради изведување приклучок на водоводна мрежа со…
Шасивари: Втора шанса за Изборниот законик –…
Министерот за правда, Јетон Шасивари заедно со…
Рама го брани проектот поврзан со семејството…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…