(Фото) Честито двојазични пораки: Продолжува своеволието на Африм Гаши – им пишува двојазични пораки на пратениците
Не само што двојазичноста за која ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од позиција на опозиција говореа дека е неуставна не е укината туку истата и натаму се унапредува во секојдневната комуникација во институциите.

Христијан Мицкоски кој и самиот говореше дека Законот за двојазичност е неуставен денеска говори дека нема никаква намера да го укине истиот.
Предводник на процесот на дефакоризација на македонскиот јазик е претседателот на Собранието, Африм Гаши кој од првиот ден го крши Уставот и Законите по однос на употребата на албанскиот јазик.
Да се потсетиме дека Гаши заклетвата за претседател на Собранието за прв пат во историјата на Македонија ја даде на албанки јазик со што директно го прекши Уставот.
Гаши и натаму продолжу со кршење на Законите, Уставот и Собранискиот деловник водејќи ги седниците на Собранието исклучиво на албански јазик.
„Претседателот на Собранието го остварува правото на употреба на албанскиот јазик во службената комуникација, што е загарантирано со уставот, важечките закони и прописите на Собранието. Ова законско право ќе го остварува во текот на целиот мандат. Претседателот Гаши се залага да гарантира дека сите собраниски процедури, во согласност со правата и обврските кои произлегуваат од законите, го почитуваат и унапредуваат нашето мултикултурно општество“, одговорија тогаш од Кабинетот на претседателот на Собранието.
Интересно е што ВМРО-ДПМНЕ како што посочија пратениците од политичката партија Левица, поднесоа низа на претставки до Собраниските служби по однос на ова прашање кога претседател на Собранието беше Талат Џафери, а тоа лично го правеше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој сега молчи пред самоволието на Африм Гаши.
Инфомакс екслузивно дојде до дел од пораките кои Африм Гаши ги испраќа до македонските пратеници, а кои од денес се двојазични.

Имено се работи за известување до пратениците по однос на крводарителска акција, но ова е прв пат во историјата на македонското Собрание ваквите известувања да бидат двојазични. Нема никаква реакција од Никола Мицевски како координатор на пратеничката група на Власта, а реакција нема ниту од ВМРО-ДПМНЕ.
Законот за двојазичност кој беше неуставно и незаконски потпишан од страна на Талат Џафери и објавен во службен весник е на штета на Република Македонија и кохезијата во општеството, изјави Никола Мицевски од партиската говорница во 2019-та година.
Денес нема никаква реакција за дефакторизација на македонскиот јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…
Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…
Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…
Припадници на Министерството за внатрешни работи на…
Полски аплинист падна во недостапен предел на…
Голема спасувачка операција започна денес откако полски…
Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…
Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…
Италија со нов систем за пресметка на…
Возачите што патуваат низ Италија би можеле…