Палевски се пожали: 70 проценти од мојата кичма не е во функција
Првообвинетиот Љупчо Палевски, за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и дека Основното јавно обвинителство извршува политичка наредба.
Палевски пред Судот истакна дека во постапката како докази се ставени повеќе од 100 ДНК траги, а дури деведесет проценти од неговите приложени докази се користат против него, посочувајќи дека тоа се докази кои МВР Форензика ги има изготвено по наредба на Обвинителството.
– На 1 декември имам јавна објава на мојот Фејсбук профил, каде сум што правам и така натаму. Во хотелот се пријавив и одјавив регуларно со моја патна исправа и тргнав на пат за да направам магнетна резонанца на мојата кичма, бидејќи 70 проценти од мојата кичма не е во функција. После 10 месеци, од моите приложени докази, обвинителството ги злоупотребува и МВР Форензика по наредба на обвинителството изготвува материјални докази. Не може да ме убеди обвинителството дека нема наредба за политичко монтирано судење, затоа што многу добро знае обвинителството. Како тоа не можеле да ја видат целосната слика за овој кривичен настан, па дури на 20 мај мојата ДНК е ставена во систем, рече Палевски.
Содржината на обвинението, вели Палевски, е заснована на лажен исказ на еден од обвинетите кој сака, како што рече, да избегне доживотен затвор за злосторството кое е направено.
– Целата оваа содржина на обвинение е заснована на лажен исказ на еден од обвинетите, кој сака да избегне доживотен затвор за вакво злосторство кое е направено. Сите материјални докази ги побиваат овие приказни кои се содржина на ова обвинение. Одбраната не барала вештачење на биолошки траги. Ова е лицемерие. По се што објавија, нечувствувајќи ништо за мајката на Вања, сите видеа и слики што беа објавени по порталите беа во просториите на Обвинителството и од таму излегоа сите слики од „Смарт сити“, и токму обвинителството погрешно ги брифираше медиумите. Тогаш обвинителството не се секираше за душевната состојба на мајката на Вања, па после 10 месеци кога треба да ги соочиме сите докази тогаш сака да биде исклучена јавноста, рече Палевски.
Според Палевски, таткото на малолетното девојче, Александар Ѓорчевски е наместен од полицијата за да се изготви некаков лажен мотив и врска помеѓу нив двајца. Палевски пред Судот рече дека не го познава Александар, а ниту пак, Обвинителството докажало некаква врска помеѓу нив двајца.
– Овој родител, наместо да плаче по своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви лажен мотив и врска меѓу мене и него. Јас не го познавам Александар. Јас бев киднапиран првите 7 дена. Ме донесоа на 15 мај во затворот во Скопје, но 7 дена не добив никаков акт. После ме донесоа со медиуми, со „калашникови“, 6 дена ме држеа, судијата на претходна постапка Душан Јосифов изврши кривично дело. Ова е политичко монтирано судење, рече Палевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската војска веќе нема да користи Телеграм
Украинскиот Совет за одбрана и национална безбедност…
Палевски се пожали: 70 проценти од мојата…
Првообвинетиот Љупчо Палевски, за убиството на малолетната…
Пукање во Сараево, полицијата во потрага по…
Во полицијата во кантонот Сараево било пријавено…
(Видео) Израел го нападна Либан – Силна…
Израелската војска соопшти дека денеска извршила „целен…
Со сечење на џиновската пастрмајлија почна штипската…
Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално…