РЕК – Битола меѓу најголемите загадувачи во Европа

t

Зголемено е загадување со јаглен во државите од Западен Балкан , стои во најновиот извештај за 2023 година , што го објави „ Бенкуоч“- мрежата невладини организации што се занимаваат со екологија. Нотираното зголемување на загадувањето на воздухот се однесува на присуството на сулфур диоксид. Во БиХ, Србија, Косово и Македонија, лани загадувањето со сулфур диоксид е зголемено за 5, 7 пати над дозволеното, што е негативен тренд на пораст во однос на 2022 година, кога изнесувало 5, 6 пати над дозволеното. Според извештајот , РЕК – Битола остана еден од наголемите загадувачи во Европа со сулфур диоксид, со што штетно влијае врз здравјето на граѓаните.

Од невладината „ Еко свест“ велат дека наодите од извештајот се исклучително загрижувачки , особено делот дека емисиите од електраните воопшто не се мерат.

Блоковите Битола -Б1 и 2 и Битола- Б3 во РЕК „ Битола“, испуштија околу 70 000 и 30 000 тони сулфур диоксид соодветно, што е повеќе од 10 пати над нивните индивидуални плафони. Овие емисии не се базирани на никакви реални мерења , иако таа обврска за мерење и континуирано следење на емисиите , постои. Ова значи дека треба да се работи на следење на загадувањето , следење на состојбите , менување на начинот на работа .
Транформацијата кон зелена енергија ни е обврска , што е нагласено и во извештајот на „ Бенкуоч“, но таа не се спроведува , вели Конески.

Сега е очигледно дека и понатаму се планира отворање на нови јагленокопи , со што инвестициите се насочуваат таму, наместо кон намалување на загадувањето и кон енергетска трансформација.
Според извештајот , во 2023 година е забележано зголемување и на загадувањето со прашина од 1, 75 пати над дозволеното, што е минимално намалување во однос на 2022 , кога било 1, 8 пати , а емисиите на азотните оксиди се за 1, 3 пати повисоки од дозволеното.

Неопходно е постепено и етапно заменување на застарената опрема , вклучително и во РЕК „ Битола“, со иновативни технолошки решенија при преминот кон обновливи извори на енергија. Тоа е зацртано во сите стратешки документи на Македонија, дополнува Конески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вашингтон бара ЕУ да ослободи дизел од…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Трамп: Војната со Иран ќе заврши „многу,…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Борисов прашува што ќе даде за возврат…

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов вели дека…

Попpeчена активност на криминално верско радикална групација

Агенцијата за национална безбедност во координација со…

Трамп на прашањето зошто Северна Кореја може…

Американскиот претседател Доналд Трамп се повика на…