ДПИ ќе казнува за ненамалени цени и немање натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“

t

Трговците што на основните прехранбени производи кои треба да имаат ограничена профитна маржа ги немаат поставено ознаките „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ од денеска ќе се соочат со казни, информираат од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Во теренските проверки што биле направени во текот на вчерашниот ден, откако стапи на сила владината одлука за ограничување на маржата, инспекторите забележале дека во маркетите не се поставени потребните ознаки, иако тоа е обврска која е наведена и во самата одлука која во понеделникот е објавена во „Службен весник“.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски вели дека на трговците им дале рок ознаките да ги постават до крајот на вчерашниот ден.

„Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската“, вели Трајковски во изјава за МИА.

Според него, маркетите се жалеле дека причина за немањето на натписот е тоа што немале време да ги испечатат ознаките.

Повеќе од 70 прехранбени производи од вчера треба да се продаваат со ограничена профитна маржа од 10 отсто, одлука која беше донесена на владина седница. Во списокот за есенската кошничка се наоѓаат производи од пекарската, месната, млечната и кондиторската индустрија, како и овошје и зеленчук и тие нема да смеат да поскапат до 31 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…