ДЕНЕСКА Е СВ. КОРНИЛИЈ СТОТНИКОТ: Крстен од апостол Петар, беше прв од незнабошците што ѝ пристапија на Божјата Црква

t

Денеска е 13 септември (по стар стил) и се слави Светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот.

Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (ДАп. 10, 1). Беше прв од незнабошците што ѝ пристапија на Божјата Црква.

Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се крсти, Корнилиј остави сè и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј, и двесте седумдесет и седуммина незнабошци.

Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив, и мирно се претстави кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен. Но, светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј.

Од моштите на Свети Корнилиј се извршија многубројни чуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца млади насилници од Идризово биле агресивни…

Двајца насилници од Идризово може на некое…

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар…

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер,…

„Србија е европска велесила во гаснењето пожари“,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека…

Историска мисија на НАСА: Во 2028 година…

Американската вселенска агенција НАСА официјално ја одреди…

Нов ценовен удар или поевтинување: РКЕ утре…

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе носи…