Сиљановска Давкова: Mожно e да се пристапи на поинаков начин кон Договорот со Бугарија
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за МИА изрази неодлучност околу можноста за реализација на „францускиот предлог плус“ и ставот на Владата, кој неодамна беше презентиран во Брисел.
Таа истакна дека во Договорот за пријателство со Бугарија не постои одредба за менување на Уставот и нагласи дека такво нешто не може да биде дел од договорот, бидејќи се поврзува со историските комисии и нивните разговори. Сепак, нагласи дека е можно да се пристапи на поинаков начин кон Договорот.
„Не можам точно да одговорам, но имав пријателска средба со претседателот на Бугарија, господинот Радев. Најчесто повторуваната фраза е дека треба да ги почитуваме договорите. Сите знаеме дека во Договорот за добрососедство и пријателство нема одредба за измена на Уставот, ниту тоа може да биде можно, бидејќи е поврзано со историските комисии и нивните преговори. Важно е како ќе се однесуваме кон Преговарачката рамка, бидејќи, ако се договориме да ги почитуваме критериумите, треба да сме свесни за нашите обврски“, изјави Сиљановска Давкова.
Таа нагласи дека историјата, културата и јазикот не можат да бидат предмет на преговори.
„Така, ние ја потсетуваме ЕУ на основните вредности и принципи на уставното право. Она што го истакнувам е дека културниот и националниот идентитет, договорите основани на реципроцитет, немешањето во внатрешни работи и почитувањето на дигнитетот се составен дел од европското уставно право. Можеме да пристапиме на поинаков начин кон договорот“, заклучи Сиљановска Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запленети 150 килограми месо со изминат рок,…
Агенцијата за храна и ветеринарство заплени 150…
Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни…
По повод одбележување на Светскиот ден на…
43-годишен битолчанец пронајден починат во автосервис, наредена…
Четириесет и тригодишен жител на Битола бил…
Во напад во училиште во Словачка загина…
Напад во училиште во северозападна Словачка, извршен…
Дете со тешки повреди пренесено во болница,…
На 28.09.2026 во 10:30 часот во СВР…