Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со високиот претставник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со Александар Касаноф, заменик-помошник државен секретар на САД за Западен Балкан.
На средбата претседателката Сиљановска Давкова ја потенцираше важноста на стратешкото партнерство и пријателство со САД и изрази очекување за засилување на поддршката од официјален Вашингтон за што побрз почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Во својот говор претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред членовите на Генералното собрание на Обединетите нации рече дека од нашите европски и стратешки партнери се очекува разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на сопствените принципи и вредности, вградени во основните уставни документи.
За прв пат откако стана претседател на државата,Силјановска Давкова го употреби новото уставно име на земјата а ниту еднаш не спомена Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германски град препорача евакуација поради голем пожар…
Германски град во близина на белгиската граница…
„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…
ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…
Етаблираните партии, оние кои сега се власт…
Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…
Борот алепо повторно е посочен како „главен…
„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…
Болница во Пакистан користела исти шприцови за…