СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

t

Денешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно за македонските граѓани. Оваа посета Мицкоски требаше да ја искористи и јавно да го праша Орбан, зошто амбасадорот на Унгарија, инаку земја претседавач на ЕУ, гласал за одвојување на Македонија и Албанија, велат од СДСМ.

Од партијата потенцираат дека „ова требаше да го прашања Мицкоски. Зошто македонските граѓани, во неговото претседавање се доведени во ситуација да бидат последни во редот за приклучување во ЕУ? Ако тоа воопшто некогаш се случи“.

„Мицкоски требаше да го праша Орбан зошто не помогна, како стратешки партнер, во периодот кога договарале кредити од сомнително, кинеско потекло, да се промени преговарачката рамка, како што ветуваше Мицкоски. Мицкоски и Орбан не понудија ништо за граѓаните, освен што одлучија да ги задолжат за нови 500 милиони евра и да ја закопаат европската перспектива на државата“ е ставот на опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто…

Денешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не…

Сиљановска Давкова: Од нашите европски и стратешки…

 Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме…

Величковски: Премиерите на Албанија и Северна Македонија…

Премиерите на Албанија и Северна Македонија ги…

Ина Многуфина: “Албанија е запад за нас”…

"Албанија е запад за нас" не е…

Лога: ЕУ еднаш ја жртвуваше Македонија заради…

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, на…