ДЕНЕСКА Е СВ. МАЧЕНИК НИКИТА: Најпосле мачителот го фрли во оган, во кој Христовиот војник издивна, но телото му остана неповредено

t

Денеска е 15 септември (по стар стил) и се слави Светиот маченик Никита.

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност.

Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст.

Никита ја носеше оваа икона бидејќи Пресвета Богородица му се јави и го утеши.

Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во кој маченикот издивна, но неговото тело остана неповредено од огнот. Неговиот другар, Маријан, го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија во градот Мопсуест, каде му изгради црква на свети Никита и неговите чудотворни мошти ги положи во таа црква.

Свети Никита пострада и се прослави во 372 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…

Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…

(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…

Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…